Ова ќе бидат најстресните професии во 2017

Секоја професија со себе носи одредена доза на стрес, а сите ние понекогаш мислиме како токму нашата работа е најстресна. 

Сепак, постојат професии кои носат поголема доза на стрес од останатите, порталот Career Cast состави листа од 10 професии кои се очекува да бидат најстресни во текот на оваа година. Во обѕир се земени фактори како физичка подготвеност, можноста за повреди па дури и смрт, потребата за патување, рокови, конкуренција, како и потенцијалната плата и можностите за напредување. Првите три места, очекувано, се резервирани за воениот персонал, пожарникарите и пилотите, кај кои процентот на стрес е особено висок, односно повеќе од 60%. 

На пописот се најдоа и некои занимања кои многумина не би ги очекувале, како на пример организатори на настани. Интересно е што според проценките, полицајците и организаторите на настани можат да очекуваат исто ниво на стрес во своите професии. 

Ова е листата на најстресни професии за 2017:

1. Воен персонал

2. Пожарникари

3. Пилоти

4. Полицајци

5. Организатори на настани

6. Новинари

7. Директори на компании 

8. Стручњаци за односи со јавност

9. Таксисти

10. Репортери