Освен што се добри ракометари, Вардарци покажаа дека се и добри кувари

Ако прашате спортист кои се неговите омилени јадење на листата секако ќе се најде и паста. Лесно се приготвува, брзо се вари и пред се’ ослободува енергија што е многу потребна при напорните тренинзи и натпревари што ги имаат.

Денеска е светскиот ден на пастата (тестенините), па дел од ракометарите на Вардар се приклучија во неговото одбележување.

Ракометарите покажаа дека знаат и да подготват вкусна паста. Во улога на „шеф” се појавија ракометарите Калифа Гедбан и Кристијан Дисингер.

Двајцата ни открија дека тестенините се меѓу нивните омилени јадења, и се обидоа и самите да го подготват она што сакаат да го конзумираат.

Варење на тестенините, подготовка на преливот, сервирање и најважно од се’, оценка за подготвеното.