Навивач на Вардар со емотивен статус: Историјата ќе памти кој го избрка Вардар од Градски. Ние ќе се вратиме во својот дом, а вашите долгови никогаш нема да застарат

Историјата ќе памти кој го избрка Вардар од Градски. Ние ќе се вратиме во својот дом, а вашите долгови никогаш нема да застарат. Вака, Борјан Ефтимов - еден од верните навивачи на фудбалскиот клуб Вардар го започнува својот емотивен статус, по објавата за тоа дека државата го информирала клубот дека нема да може да настапува на Националната Арена.

Тој на почетокот на својот статус потсетува дека минатата година се случила вистинска спортска револуција кога пасионери и вардарци, дале многу напор, пот и крв за да го спасат фудбалскиот клуб кој е нераскинлив дел од македонскиот идентитет.

„Банкротиран и отфрлен од сите, оваа група на искрени Вардарци го направи невозможното. Безброј пати слушнав дека нема спас. Но, ове сме денес, Вардар не само што се пласираше во првата лига со убедливо најмал буџет, Вардар успеа гордо да се спротистави и храбро изрдржа на нозе. Вчера официјално се исплати и десеттата плата за оваа година, без доцнење и без манипулации. Фановите обединети успеајаа во својата цел. Сега останува на фудбалерите да изборат опстанок.“, пишува Ефтимов.

Борјан вели дека Вардар никогаш нема да престане да постои бидејќи тој е приказна на многумина.

„Сите ние сме растеле со приказните за полн Градски, за кебапчињата во Идадија и црвено-црните знамиња кои бабите ги шиеле за своите внуци. Приказната која Вардарците ја пишуваат секојдневно е доказ за моќта на заедницата и нераскинливата врска помеѓу фудбалскиот клуб и неговите поддржувачи. Ова за мене претставува инспиративна сага на посветеност, и илустрира како обединета заедница може да направи нешто незамисливо. Народот со искрена и напорна работа, наспроти сите очекувања, успеа да го одржи Вардар во живот.“, додава тој во објавата.

Но, Ефтимов во целата приказна за Вардар гледа и негативци и тој прстот го вперува во владејачката партија, каде според неговите сознанија е донесена одлука да се поддржи Вардар, бидејќи „навивачите на Вардар, не биле гласачи на СДСМ.“

„Лично јас повеќепати сум молел за поддршка, не за помош и милостија, туку за конструктивна поддршка која ќе овозможи решавање на сериозната финансиска криза креирана од претходните криминални раководства кои никогаш не беа казнети. СДСМ и „нивните“ институции ниту еднаш не одговорија позитивно. Градски стадион остана затворен за Вардар, небаре се работи за приватен стадион, а не за јавен објект првично изграден баш за ФК Вардар. ФК Вардар не доби никаква поддршка, само се „трудевте“, а на крај се што останавте е трудни“, вели тој во својата објава.

Вардар обединува, а СДСМ разединува, дециден е тој во својата фејсбук објава, притоа прашува дали е можно еден политички субјект да биде толку деструктивен.

„Дали е возможно еден субјект да биде толку деструктивен? Македонија е општество на кое толку многу му треба обединување, а вие најдовте уште една линија по која ќе го поделите. Тотални лузери без грам визија. Без било каква идеја да изградат мостови и да ја обединат Македонија. Затоа не го споменувајте Вардар. Таче ќе остане релевантен уште петнаесетина дена, но што понатаму. Непходно е овој деструктивен субјект да пропадне. Не е проблемот во Таче, проблемот е во целокупната структура на таа безидејна творевина. Избројани ви се деновите, не го споменувајте Вардар – немате право“, вели Ефтимов.

„Вардар опстоја, вашата деструктивна збирштина наречана СДСМ време е да исчезне. Историјата ќе памти, кој го избрка Вардар од Градски!“, заклучува на самиот крај.