Бундеслигашко засилување: Горпишин потпиша за Вардар!

Македонскиот шампион Вардар замената за Рожерио Мораес Фереира ја најде во Бундес лигата, односно во тимот на Ерланген, пренесува 24rakomet.mk.

Рускиот репрезентативец Сергеј Горпишин ќе се пресели во Скопје на стартот на следната сезона. 21-годишниот пивотмен заминува од Ерланген по истекот на договорот.

Иако низ медиумите се шпекулираше за доаѓање на Хрватот Марин Шипиќ, како и катарскиот репрезентативец Јусуф Бен Али, сепак веројатно нема да има ништо од тоа.

Горпишин беше дел од руската репрезентација на последното Светско првенство во Германија и Данска.

air max 90 essential sale