Охридска фејсбук шега на многу креативен начин: Охриѓани организираат патување во Скопје, еве каква е програмата!

Во духот на меѓусебното разбирање или недоразбирање или како дел од меѓусебниот натпревар помеѓу скопјани и охриѓани, овој пат вторите го возвраќаат ударот. Доста беше „терање мајтап“ од страна на скопјани. На фејсбук страната „Охриѓани“ беше споделен статус со шега, односно организирано патување на охриѓаните во Скопје. 

Тргнувањето е на „Туристичка“ пред банката, а паркирањето е на скопскиот плоштад. Програмата вклучување и правење скара пред ГТЦ, кафе не плинско и оставање на ѓубрето кај ГТЦ.

Тие се надеваат на масовно присуство, а целиот статус може да го прочитате во продолжение.

Интересна и креативна фејсбук шега која нас искрено ни се допадна, кое е вашето мислење?