Одлична купка против потење за вашите стопала

Голем дел од нас имаат проблем со потењето на стопалата особено ако долго во текот на денот носиме обувки.

Photo by Rune Enstad on Unsplash

Како и останатиот дел од нашето тело, така и стопалата се потат повеќе во летото, а можат да предизвикаат проблеми и со лошата миризба. Освен тоа, одредени материјали ги прават нашите стопала чувствителни и затоа ни е потребна соодветна грижа.

Според некои експерти, црниот чај е одлично средство за ослободување од ваквиот проблем. Тоа е како природен антиперспирант, велат тие.

Тоа се должи на танинот, состојка која придонесува за намалено потење на стопалата, но и отстранување на непријатниот мирис. Танинската киселина не може да се најде во зелениот чај и другите билни чаеви. Овој чај треба да се свари за да биде темен, а со тоа и силен. Направете го пет пати посилен од оној чај кој вообичаено го пиете, а потоа потопете ги стопалата во него.

Држете ги во течноста околу 10 минути, а најдобро е да го направите тоа навечер. Но, не мора да ви биде потопено целото стопало, туку само долниот дел, бидејќи таму се наоѓаат потните жили.

Резултатите не доаѓаат веднаш. Потребни се неколку дена. Но, ова не е и брзо решение, бидејќи треба да се практикува редовно. Во текот на летото, можете по овој ритуал да додадете и ексфолијација на вашите стопала, а потоа и лосион.