Од денес нова минимално зголемена цена на струјата

Од денеска граѓаните ќе плаќаат минимално зголемување на цената на електричната енергија. Одлуката која ја донесе Регулаторната комисија за енергетија е за 0,4 отсто повисоки цени на струјата до крајот на годината.

Цената на електрична енергија за домаќинствата од 1 јули во прв блок останува иста, во втор блок има зголемување од 0,85 проценти, во трет блок од 1,92 проценти и во четвртиот блок од 1,88 проценти, додека евтината струја ќе се зголеми за 0,65 проценти. Со ова, додаде, за 88 проценти од домаќинствата кои што влегуваат со потрошувачка во прв и втор блок трошокот за електрична енергија ќе се зголеми за 0,4 проценти. За 8 проценти од домаќинствата кои што имаат потрошувачка и во трет блок трошокот на месечно ниво ќе се зголеми за 0,48 проценти и за 4 проценти од домаќинствата кои што влегуваат со потрошувачка и во четвртиот блок трошокот ќе се зголеми за 0,57 проценти. 

„Да донесеме ваква одлука, каде што реално нема никакви промени ни овозможи тоа што на универзалниот снабдувач „ЕВН Хоум“ му дадовме насока 15 проценти од количините кои што не се обезбедени да ги набавува на берзата на електрична енергија што функционира во Македонија, во периодот кога цената на електричната енергија е близу до цената што ЕСМ ја понуди на тендерот од  60 евра за мегават час и дополнително измените на Законот за енергетика што поминаа во вторникот во Собранието кои овозможија да се примени новата цена на маржата што сега е 9,9 проценти, а претходно беше 11,5 проценти“, рече Бислимоски. 

Премиерот Христијан Мицкоски неодамна во изјава за медиумите рече дека не очекува зголемување на цената на електричната енергија, посочувајќи дека се исполнети двата услова – донесени се дополнувањата на Законот за енергетика и универзалниот снабдувач ги оптимизирал количините за да не дојде до енормно зголемување на цената на струјата. 

Центата на струјата треба да важи до крајот на годинава, а за наредниот регулациски период по 1 јануари 2025 година властите најавуваат намалување на цената доклку се е вообичаено и нема некои изненадувања.