Обновени повеќе детски игралишта во Ѓорче Петров

Во текот на изминатите денови, интензивно се работеше на реконструкција и ревитализација на повеќе детски игралишта на територијата на општина Ѓорче Петров. 

-Се работеше на оплеменување на постоечката и замена на уништената урбана опрема којашто е поставена на детските игралишта, како и играчките кои се поставени и се користат од најмладите жители, информираше градоначалникот Алекандар Стојкоски. 

Конкретно беа реконструирани следните игралишта:

- Детско игралиште во Хром (кај Панко)

 - Детско игралиште во Хром (на полјана)

 - Детско игралиште во Хром (на насип)

 - Детско игралиште во Мирче Ацев (спроти ООУ Мирче Ацев)

 - Детско игралиште на ул. Шидска (на кош)

 - Детско игралиште на ул. Шидска (пред стара полиција)

 - Детско игралиште на ул. Беаз Куле 

- Детско игралиште на ул. Социјалистичка зора

Надлежните упатија апел да се чуваат поставените играчки и урбаната опрема, се со цел игралиштата да бидат во добра состојба, дечињата да имаат свое убаво катче, а дополнително и општината да нема чести интервенции кои што црпат од општинските средства.