Дегустација на домашна и европска храна и дружба овој петок во Паркот на Франкофонијата

Општина Центар организира дружба и дегустација на храна и пијалаци од домашната и европската кујна овој петок во Паркот на Франкофонија.

Настанот „Нож и виљушка на европска чинија“ ќе биде збирно место на домашни македонски угостители кои подготвуваат автентични домашни специјалитети но и традиционални јадења од Австрија, Германија, Франција, Турција и други држави.

- Ве каниме на дегустација од 17 до 19 часот и ви нудиме можност да си купите нешто по ваш избор кое дома ќе можат да го пробаат и другите членови од вашето семејство. Покрај вкусната храна и пијалаци сокови, вина, џин, ракија, домашни и странски пива, настанот ќе го разубават и жените пензионерки кои ќе покажуваат како се меси и везе додека во меѓувреме ќе бидат изведувани народните игри и песни од КУД Орце Николов, а ќе уживаме и во изведбата на познатите англиски, француски и италијански хитови. Ве чекаме на заедничка дружба и дегустација на различни вкусови! - се наведува во поканата од општина Центар.