Нови налепници на македонските возила во Грција – “МК не ја признаваме“ (фото)

Продолжува лепењето на навредливи налепници за македонските автомобили кои што патуваат по туристичките места во Грција, Викендов на автомобил со скопка регистерска табличка беше залепена налепница на која пишува дека ние не сме Македонци, дека Македонија е Грчка и слично

Минатите години голем број на македонски возила беа оштетени додека патуваа низ Грција и никој речиси ништо не превзема на тој план.

На сите добро ни е познат ставот на Грците за нашето име, но овие налепници се само уште еден доказ за нетрпливоста кон Македонците.

Политиката не треба да се меша со економијата, оти статистиката покажува дека македонските граѓани не само што летуваат покрај морските плажи и често за викенди одат на шопинг во Солун.