Кулирај, рециклирај, донирaj: Е-отпад

Дали знаете што е е-отпад, како се генерира, кои се најголеми придонесувачи и какви се последици има на човекот и на животната средина доколку содветно не се одложува?

Постојаниот општествен напредок заедно со брзиот технолошки развој допринесува до се поголемо производство и употреба на електрични и електронски уреди и опрема. Кога овие уреди и опрема ќе станат неупотребливи или нефункционални, тие стануваат електронски отпад.

Е-отпад е значаен проблем како во развиените така и во земјите во развој бидејќи покрај многуте компоненти, содржи опасни супстанции кои се штетни за животната средина и здравјето на луѓето ако не се соодветно третирани или отстранети. Во 2017 година, во светот се направени 47.8 тони на е-отпад, алармантен број кој константно се зголемува!

Од тука произлегуваат неколку прашања: Што би можело ние да направиме за да го спречиме зголемувањето на е-отпадот? Какви тековни иницијативи и мерки постојат за управување со е-отпад? Како да помогнеме во подигнување на свеста за значењето од правилно управување со е-отпадот и кај другите групи на граѓани?

Доколку имаш интерес за темата и сакаш да дадеш придонес во креирање на нови активности и мерки, регистрирај се на goo.gl/NJG6q8, најдоцна до среда, 21.11.18, 12:00ч. Бројот на учесници е ограничен.
Настанот ќе биде интерактивен со неколку забавни елементи, кратка информативна сесија, бесплатно кафе и дружба!

Исто така, на настанот ќе има поставено корпа за рециклирање на ситен електронски отпад па доколку имате таков дома, Ве покануваме да го донесете со вас! Доколку имате габаритен е-отпад може да се запишете на список за рециклирање или донирање на истиот кој ќе биде преземен од страна на тимот на Нула Отпад!

Настанот е организиран од Скопје Лаб - Центар за иновации на Град Скопје и Нула Отпад - Друштво за управување со отпад.