Посно тоблероне

Направете вкусно и посно тоблероне според овој рецепт:

Состојки:

150 гр шеќер

2 лажици мед

1 дл кока-кола

200 гр мелени посни бисквити

200 гр посно чоколадо

150 гр маргарин

50 гр ореви

50 гр сусам

Состојки за глазура:

4 лажици масло

200 гр посно чоколадо

Начин на подготовка:

На пареа растопете ги чоколадото и маслото, па оставете да се оладат.

Триаголен калап обложете го со хартија, и премачкајте чоколадо. Стегнете во ладилник и ова повтрете го три пати, како што е прикажано во видеото.

Се топи маргаринот со чоколадо, мед и кока кола. Мешајте додека да се соединат состојките.

Се трга од оган, оставете го малку да се олади и се меша со оревите, бисквитите и сусамот.

Се полни калапот со смесата и повторно ставете во ладилник. Се сече и служи.