Брзите колачи се нешто што го обожаваат сите домаќинки, а овој колач е еден од нив кој се прават брзо и лесно, а не ви се потребни никакви специјални кулинарски вештини.
СОСТОЈКИ:
200 гр шеќер
1 л млеко
3 пудинга од ванила
200 гр путер
1 кисела павлака
400 гр бисквити
800 гр банани (околу 4 банани)
200 мл слатка павлака
1 лажица шеќер во прав
малку лешници или ореви за посипување
малку путер за намастување
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Пудингот згответе го со млеко по упатството на кесичката, малку изладете па измешајте путер и мешајте додека не се растопи и соедини.
Додајте кисела павлака и издробени бисквити. Излејте половина од смесата во намастен калап, наредете банани, а преку распоредете го остатокот од филот. Изладете во фрижидер барем 2 часа.
Добро разматете слатка павлака со лажица шеќер во прав и премачкајте го колачот. Од горе посипете со мелени лешници или ореви.
Послужете и уживајте!