Кои се четирите фази на добар развод?

Проаѓајќи и самата низ развод и помагајќи им на други да се разведат, научив неколку работи.

Прво, добар развод е сосема можна работа. Второ, може да се случи разводот да е добар за вас, а лош за другата страна. И трето, добриот развод речиси никогаш не изгледа како што мислите дека изгледа. Најверојатно ќе биде многу потежок откоку што си замислувате и многу подобар отколку што можете да сонувате.

Добриот развод е како качување на Монт Еверест. Нема да биде лесно, но ако се направи добро, засекогаш ќе ви го промени животот.

Добриот развод не значи дека ќе ве направи инстантно среќни или хармонични. Не е развод кој со сигурност ќе го разберат луѓето. Не е ниту развод кој со сигурност ќе им гарантира подобар живот на вашите деца.

Наместо тоа, добриот развод е разводот кој ве трансформира во личност која е подобра, пољубезна, помудра, помека... Развод кој ќе стане катализатор за вие да станете нешто што не сте знаеле дека можете да биде.

Сите имаат различно искуство, но ова се фазите низ кои гледам дека луѓето постојано минуваат:

Прва фаза: Агонија

Оваа фаза е најдолга. Ова е период кога се одлучувате дали да останете или да си заминете. А можеби партнерот е во поголема агонија.

Ја нарекувам оваа фаза „агонија“ затоа што ако сте во оваа фаза, тогаш знаете дека морате барем да размислите за одење, а истовремено се трудите на секој начин да го зачувате бракот.

Оваа фаза може да има многу облици. Може да изгледа како намалување на конфликтот или пак да се зголеми конфликтот, давање повеќе простор на вашиот партнер, да станете повнимателни, да барате помош, да истражувате, да бидете похрабри.

Овде постои големо количество на интегритет и великодушност. Без разлика на тоа дали ќе останеме или не, ние знаеме дека сме направиле се што можеме и во процесот исто така почнуваме да го најдеме нашиот сопствен морален компас, компас кој не вклучува нас заедно со другите и може да се соочиме со некои тешки вистини.

Втора фаза: Посветеност кон заминување

Оваа фаза најчесто е ненадејна и многу јасна. Нешто се случува и поради која било причина тука има еден дефинитивен момент: Едноставно знаеме дека е готово.

Можеби вашиот партнер многу лажел или постојано ве изневерувал. Можеби ќе добиете шокантни вести. Можеби едноставно не се чувствувате убаво во бракот. Можеби сте запознале некоја нова личност. Можеби вашиот партнер е тој што прв вели дека сака развод. Можеби не ни знаете точно како знаете, но во тој еден момент знаете дека е готово.

Како е ова дел од добар развод? Ова е точката каде ја имаме можноста да препознаеме кои сме и кој е нашиот партнер, на посебен начин. Можеме да гледаме без огорченост и едноставно да ги сакаме такви какви што се и истовремено да препознаеме дека тие не се за нас.

Трета фаза: Збунетост, загуба и тажење

Овој период обично трае подолго отколку што мислиме, но некако не враќа назад во живот.

Би сакала да можев да го прескокнам овој дел, но тогаш би била невнимателна. Кога се разведуваме, ние ја губиме нашата основна врска. И често не обвинуваат за тоа. Ја губиме нашата визија, соништа и инвестиции и исто така се соочуваме со тагата на нашите деца, семејство и пријатели. Нашите пријателства се менуваат драстично или прекинуваат. Се чувствуваме избркани од сопствените животи.

Сигурно се прашувате што има добро во збунетост, загуба и тажење?

Ова се чувства кои долго време чекале да бидат почувствувани и згрижени. Можеби го знаете ослободувачкото чувство откако конечно добро ќе се исплачете. Е па и ова е нешто слично.

Овој период на тажење е секогаш подолг отколку што очекуваме, но тој не ослободува. Во процесот ќе се запознате самите себе и ќе видите дека вашиот брак ве држел заробени.

Четврта фаза: Магија и нов живот

Оваа фаза е како повторно да се раѓате во нов универзум.

Ова е вашето повторно раѓање!

Нашиот живот повторно ни се враќа!

Добриот развод е како да си ја држите сопствената рака и да си велите: „Да, ова е нова авантура и ќе биде се супер и ќе дозволам да ме промени.“

Исто така ќе запознаете нови пријатели, ќе имате нови идеи и нови искуства кои ќе ви дадат повеќе љубов и поддршка какви не можете да замислите.

Вашиот партнер може ќе оди по друг пат или можеби исто ќе избере добар пат. Тоа е веќе нивна работа. Ова е вашиот нов живот, а нивните одлуки се само нивни – како што и секогаш биле.

Вашата исполнетост зависи од две работи: вашата автентичност заедно со прегрнување на вашиот нов свет во кој зачекорувате.