Торта која се подготвува многу брзо, а познатата комбинација на чоколадо и кикирики е фантастична.
Потребни состојки:
300g мелени кикирики
300g мелени бисквити
200-250g путер
250g шеќер во прав
1 кесичка ванилин шеќер
2 јајца
200g сечкани кикирики
Чоколаден прелив:
2 шолји млеко
5 лажици шеќер
3 лажици какао
100g чоколадо за готвење
1 лажица маргарин
Подготовка:
Мелените бисквити добро измешајте ги со кикириките. Путерот и шеќерот во прав добро сматете ги додека не добиете еднолична смеса, па додајте го ванилиниот шеќер и јајцата. Изматете додека не добиете крем.
Со кремот и мешавината од кекс и кикирики замесете тесто. Обликувајте го во тава која претходно ќе ја покриете со хартија или ќе ја премачкате со маргарин и израмнете.
На површината на тортата наредете ги сечканите кикирики.
Подгответе го чоколадниот прелив така што во едно тенџере ќе го ставите млекото заедно со шеќерот, маргаринот и какаото, па ќе ги стопите на оган. Малку подоцна додајте го и чоколадото. Почекајте да зоврие и да се формира чоколаден сируп.
Прелијте ја тортата со чоколадото, па оставете ја неколку часа во фрижидер. Можете да ја украсите со уште кикирики, по желба.