Не сакав да учествувам во „Survivor“, ама отидов за да ја промовирам Македонија, откри Тони Зен

Македонскиот рапер и продуцент, Тони Петковски кој е познат како Тони Зен, синоќа гостуваше во емисијата кај „Бомбакис“.

Тони Зен раскажа за моментите од детството, љубовта кон рапот, но и кошарката, а зборуваше и за периодот поминат во „Survivor“.

Раперот откри дека не сакал да учествува во „Survivor“, но потоа го премислиле и ја искористил шансата за да се промовира себеси, но и Македонија.

Тони Зен исто така потенцираше дека зборувал на македонски јазик во српското шоу кое ја освои публиката на Балканот.