Најбогатите македонски работници: Земаат просечна плата од 47.000 денари

Во одредени македонски индустрии просечните плати надминуават 40 илјади денари, а според најновите статистички податоци, убедливо највисока просечна македонска плата била исплатена вооздухопловниот транспорт.

Во оваа индустрија во јуни просечната исплатена нето плата по вработен изнесувала 47 020 денари.

Збирно, просечната нето-плата во јуни била 22.187 денари, или за 0,7 проценти повеќе во однос на платата во јуни лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: градежништво (10,6 проценти), административни и помошни услужни дејности (6,3 проценти) и земјоделство, шумарство и рибарство (6,3 проценти).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли (4,4 проценти), објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3,7 проценти) и стручни, научни и технички дејности (3,4 проценти).

Според ДЗС, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јуни годинава изнесува 32.637 денари.

Во јуни годинава, 1,6 проценти од вработените во Република Македонија не примиле плата

Погледнетеи ги сите просечни плати овде.