Народна банка ја повлекува од оптек највредната банкнота: Колку пати сте виделе 5000-ка?

Книжните пари со апоенска вредност од 5.000 денари не се прифатени од пошироката јавност заради нивната висока номинална вредност, ограничена е застапеноста при вршењето на готовинските трансакции и размена, првенствено во трговијата, соопшти НБРМ. „Нивната примена во секојдневните трансакции е незначителна. 

Потреба од книжни пари со оваа деноминација не пројавуваат ниту банките и наместо нивната количина во оптек од година во година да се зголемува, таа постојано опаѓа и затоа тие ќе престанат да бидат законско средство за плаќање на 15 декември 2016 година“, објави НБРМ. 

Деловните банки во Република Македонија ќе ги заменуваат книжните пари со апонска вредност од 5.000 денари од 15 декември 2016 година до 28 февруари 2017 година, а од 1 март 2017 година нивната замена ќе се врши од страна на Народната банка на Република Македонија.