Најавени концерти на балканските ѕвезди: Еве кој доаѓа во Македонија во јуни и јули

Во пресрет на летните забави веќе на големо се најавуваат гостувањата и концертите на бројни музички ѕвезди од регионот. 

Веќе викендов е најавен концертот на безвременските „Рибља чорба“ на Аква паркот во Пробиштип, а цените за билетите се движат од 400 до 600 денари. 

Еден од најпознатите рок бендови, „Рибља чорба“, свој настап ќе има и во Охрид, во Античкиот театар, на 31 јули. 

Најавен е и концерт на популарниот Аца Пејовиќ, на 8. јули во Битола и на 29. јули во Охрид.

За фановите на Теа Таировиќ најавен е концерт во Битола, на 30 јуни.