Корона пандемијата спласна, рестриктивните мерки се олабавија, па така во најава се голем број музички настани на кои луѓето ќе може да се забавуваат на едно место.
Оваа пролет, за сега, има најави за неколку концерти
На 18. мај во „Борис Трајковски“ голем концерт ќе одржи познатиот и мега популарен Петар Грашо. Фановите ќе може да уживаат во неговите хитови и несомнено одличната атмосфера по цена од 900 денари.
Во јуни, поточно на 10. јуни, во „Аквапарк-Пробиштип“ доаѓаат балканската фолк-дива Цеца и нејзината ќерка Анастасија Ражнатовиќ. Ова е нив прв заеднички концерт, а е по повод јубилејот - 10 години од пробиштипскиот Аквапарк. Цената на билетот е 600 денари.
За во јуни е најавен и голем концерт на српското трио „Фрајле“. Концертот е планирано да биде на отворено, пред платото на НОБ, а билетите веќе се во продажба по цена од 600 денари.