Најавен нов протест на „Шарената револуција“

За вечерва во 19 часот, повторно е закажан протест на „Шарената револуција“. На познатото место, пред објектот во кој е сместено СЈО, односно палатата „Кузман“ ќе се соберат приврзаниците на опозицијата.

Се очекува повторно протестот да се претвори во марш низ градските улици, но никој засега не објавува која ќе биде рутата на движење на демонстрантите. Како што е познато, минатата недела протестот на истите заврши пред собранието со обид да се урне споменикот на „Прометеј“ кој е составен дел од симфонијата на „Паднатите борци за Македонија“.

Ултиматумот кој „Шарените“ го дадоа истече минатата недела, па сега не е позато кој е мотивот за вечерашниот собир. Во секој случај се очекува зголемено присуство на полицијата од безбедносни причини. Но за разлика од претходно, кога полициски хелихоптер можеше да се забележи како кружи над главниот град уште од самото утро, денес тоа не е случај.