Полицаец преврзува демонстрант

По нередите кои вчера вечер се случија во центарот на Скопје, во рамки на најавениот протест на „Шарената револуција“ присутните имаа прилика да видат една несекојдневна сцеа. Полцаец од единицата за брзо распоредување му пружи помош на еден од повредените демонстранти.  Според неко извори не се работи за демонстрант, туку за новинар кој бил на службена должност. Не е јасно ни како се здобил со повредите.

Како што е познато нередите избија во паркот Жена-борец откако мала група демонстранти се обиде да го оштети споменикот на Прометеј и да го урне со помош на платно. Полицијата одреагира навистина брзо распоредувајќи се околу него и потиснувајќи ја групата на булеварот пред собранието. Се појавија и водените топови но немаше потреба од поголема интервенција бидејќи групата полека се растури и и продолжи да протестира мирно.