На кафе со Јелена Спенџарска

Јелена Спенџарска е лик од малите екрани. Речиси секој ден на голем број Македонци, денот им почнува со неа. Таа за себе вели дека е „своја“. Постојано прави да и биде убаво, затоа што расположението е заразно и лесно може да се пренесе на луѓето околу нас. Вели дека е среќна и додава дека им е благодарна на тие кои и даваат поддршка, а тие кои не ја обожаваат и се мотивација во животот. 

Првото кафе го пијам со...

Самата себе! Без исклучоци. Голема шоља турско кафе во едната и телефонот во другата рака е мојот најубав почеток на денот.

Скопје е најубаво во...

Периодот кога се менуваат сезоните. На пример, доцна пролет кога веќе  ги правиме летните планови или рана есен кога почнуваме да ја менуваме гардеробата од маички во комотни, тенки џемперчиња. Скопје ми е најубаво и кога го шетам сама со слушалки на уши, додека уживам во моите хитови и си правам убави филмови во глава. Убаво ми е и кога сум заглавена во сообраќај, а ја слушам на радио омилената песна и си подпевнувам. И кога сум дома, а надвор многу врне. Скопје има толку многу убавини, прашањето е колку нашите очи и срца можат да ги видат?

Најубавиот кафе муабет е со...

Другарка ми Ана и комшивката Ангела. И со двете кафе муабетите ми се така убави што после нив се чувствавам како нова личност.

Најубаво место за кафе во Скопје е ...

Секоја локација  кога ти е убаво на душата.

На Скопје му недостасува...

Поинаков менталитет. Луѓето се многу негативни и несреќни и постојано само се жалат, а не се свесни дека од нив самите зависи како ќе си го поминат остатокот од животот.

Денешното прво кафе го посветив на...

Себе. Секогаш првото е за себе (се смее), а дека деновите ми се вообичаено доста активни,  многу се навлеков на take away кафе, строго американо, така ми доаѓа  убаво секоја голтка, макар и во движење, што кога немам од каде да купам во моментот, почнува да ми недостига да ви кажам искрено.   

 

Луѓето многу често забораваат дека од нив самите зависи како ќе си го поминат остатокот од животот...

Posted by Jelena Spendzarska on Monday, May 6, 2019

 

 

 

Nike Odyssey React