Mакедонскиот топ-модел со интернационална кариера
Како изгледа едно утро на Катарина Ивановска? Дали имаш некои утрински ритуали?
Станувам пред децата во 07.00. Потоа Кира и на крај спанкото Вања :) Во 08.30 ги носам во градинка, а јас одам во мојата “канцеларија” која зависи од времето. Стаза на кеј или во теретана.
Која е твојата асоцијација на скопско утро?
Откако имам деца и секое утро ги носам во градинка, тоа е густ сообраќај по скопските улици, од колите се слуша секаква музика :) и многу нервозни и нерасонети возачи :)
Во кој период од годината Скопје ти мами најмногу насмевки?
Скопје го сакам 365 дена во годината. Со нетрпение го чекам снегот, а потоа и да се стопи и да настапи пролетта. Летото за по кратки и долги топли ноќи и есента која заведува со најубавите хармонични бои.
На Скопје му недостасува...
Граѓани со поголема свест за култура.
Скопје во само три збора...
Какво такво го сакам.
Катарина, твоите дечиња се мали, но ти не ретко имаш професионални ангажмани надвор од земјата. Како најдобро се менаџира мајчинство и успешна кариера?
За жал откако е пандемијата не работам, но за среќа тоа ми овозможи повеќе време да поминувам со моите деца. Имав неколку снимања годинава во Белград, друго во Софија и гледав да си заминам што побрзо. Од студио право во кола за Скопје.
Професионални модни ангажмани во услови на глобална здравствена пандемија. Колку целата ситуација ја погоди модната индустрија? Како се работи во оваа област во време на пандемија?
Како и сите индустрии и модната индустрија е тотално во мирување. Најчесто соработував со германски клиенти, а добро знаеме дека Германија е во тотален локдаун сега.
Какви работни ангажмани те очекуваат во наредниот период? Кои се твоите планови?
Ова прашање во следно интервју :) Откако нема да носиме маски и светот ќе функционира како порано.