МВР со детали за страотната сообраќајка: 20-годишник од Скопје е повреден во несреќата

Млад скопјанец е тешко повреден во страотната сообраќајка која вчеравечер се случи во Скопје, на булевар Србија. 

- На 10.06.2024 околу 21.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Србија“, Х.Б.(20) од Скопје, управувајќи патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во столб од улично осветлување. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во „Комплекс клиники „Мајка Тереза“, информираа од полицијата за Скопје Инфо. 

Увид извршила екипа од СВР Скопје.