Муцунски официјално денес ја презема министерската позиција од Османи

Утрово, новиот и стариот министер за надворешни работи извршија примопредавање на функцијата во просториите на министерството. Оваа информација ја објави министерот Тимчо Муцунски на неговиот Фејсбук профил.

„Во периодот што следи акцентот ќе биде ставен на забрзување на евроинтегративниот процес на земјава, стратешкото партнерство со САД, како и привлекувањето странски инвестиции, што е на линија на приоритетите на Владата.

И покрај многуте предизвици, со посветена работа и решителност ќе бидат постигнати зацртаните цели во предвидената програма за работа на Владата“ напиша Муцунски.