Мисли од кои ќе ве полазат морници

Понекогаш, доволна е само една мисла за да ја промени нашата животна филозофија. Понекогаш една мисла, една реченица има моќ да направи да ве полазат морници и да се замислите за вашиот живот.

Овие мисли кои денес ви ги презентирате ќе го направат токму тоа: Ќе ве замислат, ќе ве растресат, ќе направат да ве полазат морници и можеби ќе ви помогнат да тргнете по поинаков пат во животот.

„Зарем не е чудно тоа што ден по ден ништо не се менува, но кога ќе се свртиме назад се е сменето?“ – К.С.Луис

„Кога бев момче и кога ќе видев страшни работи на вестите, мајка ми ми велеше: „Барај ги они коишто помагаат. Секогаш ќе најдеш луѓе кои помагаат.“ – Фред Роџерс

„Постојат три работи од кои сите мудри луѓе се плашат:  море сред бура, ноќ без месечина и лутината на мирниот човек.“ – Патрик Ротфус

„Дајте му маска на човек и тој ќе ви го покаже вистинсото лице.“ – Оскар Вајлд

„Аеродромите имаат видено поискрени бакнежи од сали за венчавки. Ѕидовите на болниците слушнале повеќе молитви отколку  ѕидовите на црквите.“

„Кога си добар во нешто, ќе им го кажеш тоа на сите. Кога си извонреден во нешто, тие ќе ти кажат на тебе.“ – Волтер Пајтон

„Знаевме дека светот нема повеќе да биде ист. Некои луѓе се смееја, некои луѓе плачеа. Повеќето луѓе молчеа. Ја паметам реченицата од еден Хинду ракопис „Бхагавад Гита“. Вишну се обидува да го убеди Принцот дека тој треба да ја изврши својата должност и за да го импресионира, тој ја зема неговата вооружена форма и вели: „Сега ја станувам Смртта, уништувачот на светови.“ Претпостаувам дека сите го мислевме тоа, на еден или на друг начин.“ – Џ. Роберт Опенхајмер, по еден нуклеарен тест во Лос Аламос

„Некои луѓе умираат на 25 години, но не ги закопуваат додека не наполнат 75.“ – Бенџамин Френклин

„Ја сакав, а понекогаш и таа ме сакаш мене.“ – Пабло Неруда, „Најтажната песна“

„Бидете понизни, затоа што сте направени од земја. Бидете благородни, затоа што сте направени од ѕвезди.“ – Српска поговорка

„Бродот на пристаниште е безбеден, но тоа не е причината поради која бродовите се изградени.“ – Адмиралот Грејс Хопер

„Извини“, воздивна дрвото. „Посакувам да можев да ти дадам нешто, но не ми остана ништо.“

„Нуклеарна војна е како двајца луѓе да стојат во базен полн со бензин. Едниот со 5 кибритчиња, другиот со две.“ – Карл Саган

„Од сите тажни зборови на устата или пенкалото, најтажни се овие: „А можеше да биде“.“

„Вчера бев паметен и се обидов да го променам светот. Денес сум мудар и се обидувам да се променам себеси.“ – Руми

„Кога бев млад, слободен и мојата фантазија немаше граници, сонував да го променам светот. Како што станував постар и помудар, сфатив дека светот нема да се промени, па ги стеснив моите видици и решив да ја сменам само мојата држава. Но и тоа делуваше невозможно.

Како што дојдов до приквечерината на мојот живот, во еден последен очаен обид, се помири со тоа да го променам моето семејство, оние коишто ми се најблиски, но не, тие не сакаа ни да чујат за тоа.

И сега, додека лежам на мојата смртна постела, одеднаш сфаќам: „Ах, само ако се променев прво себеси, тогаш преку мојот пример ќе го променев моето семејство. Со нивниот поттик и поддршка ќе успеев да ја подобрам мојата држава и којзнае, можеби и ќе го променев светот.“  - Надгробната плоча на еден англиски свештеник во опатијата Вестминистер

„Ние безволните сме водени од неспособните, за да ги убиемее несреќните и за да умреме за неблагодарните.“ – Напишано на запалката на еден виетнамски војник

„Причината поради која се бориме со несигурноста  е тоа што го споредуваме нашето „позади сцената“ со „светлината на рефлекторот“ на другите луѓе.“

„Само откако последното дрво ќе биде исечено, само откако последната река ќе биде отруена, само откако последната риба ќе биде фатена, само тогаш ќе сфатите дека парите не можат да бидат изедени.“ – Пророштвото на индијанското племе Кри

„Секој маж е виновен за сето добро кое не го направил.“ - Волтер

new nike air max 2019