Кој владее со своите мисли – владее со својот живот

Животот е навистина величествен, полн со чувства кои сме во можност да ги почувствуваме, од среќа, до ентузијазам, воодушевување, спокој, гордост, па сè до страв, страв, грижа на совест, тага, итн. Самото латинско потекло на зборот чувство нè упатува кон некаква промена, движење. Но, што е она што ги држи сите наши чувства на еден куп, односно што најмногу влијае на нашите чувства?

Тоа дефинитивно се нашите мисли и затоа е многу важно да ги освестиме и што повеќе да се фокусираме на сегашниот момент. Кога велиме да ги освестиме мислите мислиме на тоа дека е потребно да бидеме свесни и за оние позитивни и негативни мисли кои секојдневно влијаат на нашето расположение. Нашиот ум постојано се занимава со најразлични работи, доволен е еден поглед на некој предмет или предел, и тоа во нас да предизвика бура од чувства.

Дали самиот предмет има таква моќ да предизвика такви чувства? Секако дека не. Тоа се нашите мисли. Многу работи зависат од нашите мисли, а не сме ни свесни за тоа. Кога човек ќе научи да владее со своите мисли, успеал во најважната битка, битката со самиот себеси. Затоа често се вели дека ако се победиш себеси, си успеал да го победиш целиот свет.

А сега да видиме што сè зависи од нас и од нашите мисли: нашето здравје, нашите здрави мисли носат и здраво тело, потоа нашите мисли влијаат на нашите односи со луѓето, љубовните и пријателските врски, работата, семејството, материјалниот просперитет, духовното богатство, интелектуалниот напредок и многу други работи. Листата е многу долга, ова се само некои примери.

За да ги подобриме сите овие животни полиња, важно е да се посветиме на себеси. Колку време е потребно за тоа, зависи само од нас. Од нас зависи одлуката да тргнеме по нов пат, а кога еднаш ќе зачекорите по таа патека и кога ќе почувствувате колку добри работи ви носи тоа, никогаш нема да посакате нешто помалку од тоа и ќе сфатите дека ги заслужувате сите добри работи. Една од клучните работи тука е промената.

Патот до промените е единствениот вистински пат, а можеме да го наречеме и пат за лекување на душата, пронаоѓање на себеси и ослободување на душата од стегите.

Нашиот внатрешниот свет и нашето внатрешно богатство го привлекува и секое друго богатство, тајната на успехот се наоѓа во нас, а наша должност е секој ден да го откриваме тоа!