Ог Мандино: Не постои човек кој може другите да ги лаже, колку што може да се лаже самиот себеси

Аугустин Ог Мандино е американски писател, најпознат по своето дело „Најголемиот трговец на светот“. Неговите книги се продадени во повеќе од 50 милиони копии во светот и преведени на 25 јазици.

Неговите мисли се познати во многу држави во светот.

Кога ќе дојдете во теснец и сите нешта ќе се свртат против вас, и кога ќе дојдете до тоа да не можете да издржите ниту момент, не се предавајте, бидејќи таму е точката во која работите тргнуваат на добро.

Ако сакате да успеете, морате да научите да живеете со неуспесите. Многу повеќе мудрости стекнуваме од нашите неуспеси, отколку на основа на нашите успеси.

Ако одлучите, почнувајќи од утре многу повеќе да вложувате во својата работа отколку што сте платени за тоа, чуда ќе почнат да се случуваат во вашиот живот.

Највеќе од сѐ, ценете ја љубовта која ја добивате. Таа ќе остане покрај вас и тогаш кога златото и доброто здравје ќе исчезнат.

Со успехот не можете да владеете, можете само да го заслужите.

Никогаш не ги пренатрупувајте своите ноќи или денови со банални или неважни работи бидејќи нема да имате време да се соочите со вистинските предизвици кога тие ќе наидат.

Не постои човек кој може другите да ги лаже, колку што може да се лаже самиот себеси. Ништо не е полесно од тоа, бидејќи најлесно е да веруваме во она што сакаме.

Постојат 2 видови незадоволство на светот – незадоволство кое го принудува човекот на работа и она кое го принудува на очај. Првите го добиваат тоа што го сакаат, а другите го губат и тоа што го имаат.

new nike air max 2019