Маринирана, печена, пржена, на скара...Како да подготвите совршена риба за Свети Никола

Следната недела православните христијани го слават Свети Никола, а за овој ден традиционално се приготвува риба. 

Ние ви предлагаме неколку начини како да ја подготвите рибата за да биде вкусна за вапата семејна или славска трпеза:

Маринирана риба

Маринадата е брз и лесен начин на додадете повеќе зачини на рибата и таа да биде сочна и вкусна. Во зависност од вашиот вкус, можете да додадете слатка, кисела или лута маринада. Имено, маслото во маринадата ја спречува рибата за да се залепи или пак да се исуши. Рибата во маринадата треба да отстои минумим еден час по што може да ја обработувате термички. 

Риба на скара

Скарата се грее во зависност од видот и потребата. Она што треба да го знаете за рибата е дека колку е потенка, подобро се готви на скара, во спротивно, може да се залепи. Овој начин на подготовка на риба обично се практикува со лосос, пастрмка, скуша или сом. Според тоа, премачкајте ја скарата со масло, доволно за да не се залепи рибата. 

Печена риба 

Секое филе е одлично за да се подготви во фурна или рерна. Овој начин на подготовка на риба е можеби и најлесниот. Премачкајте ја тавата со масло и оставете ја во рерна да се пече 10 минути на 230°C. Можете да додадете и зеленчук, затоа што зеленчукот ја одржува рибата сочна, а зачините ќе додадат на вкус. За овој начин на подготовка може да употребите алуминиумска фолија.

Пржена риба

Овој начин на подготовка на риба најчесто се користи за рибите што се помеки затоа што резултатот е крцкава и мека риба. Тоа ги вклучува морската риба како филетите, ракчињата и слично. Но, доколку сакате да подготвите потврда риба како бакалар или иверка, може да ги исечете на парчиња (ленти) и постепено да ги мешате додека се готват. Гответе ги 4 до 5 минути од секоја страна.

Варена риба

Доколку се одлучите за овој начин на подготовка на риба, осличот можеби е најсоодветниот вид. Рибата се припрема лесно и на сличен начин кога варите јајце. Оставете да се вари околу 8 минути од секоја страна, ако е потребно и повеќе. Како идеја, може да додадете сок од лимон, рибја супа или бело вино за да добиете на вкус. 

Риба на пареа

Овој начин е доста сличен на оној кога варите риба, единствената разлика е во тоа што наместо во вода, ја оставате да се подготвува над пареа. Имено, рибата се става во специјален сад за ваква намена и се става над водата што врие.