Совети за почетници во кујната: Како да зготвите риба?

Подобрете ја вашата исхрана со тоа што ќе одбирате здрави намирници и ќе го збогатите вашиот репертоар на домашни зготвени јадења.

Веќе зборувавме за тоа колку е здраво и економично да јадете пилешко месо, а сега информирајте се и за рибата.

Рибата е одличен избор ако сакате да се храните поздраво. Кардиолозите препорачуваат да јадете најмалку два оброци со риба неделно, но сепак треба да внимавате каква риба ќе изберете.

Свежата туна има 116 калории, 3 грама масти и 20 грама протеини во 100 грама, додека бакаларот има 82 калории, 0,7 грама масти и 18 грама протеини во исто толкава количина.

Исто така, многу е важно како ќе ја зготвите рибата и со што ќе ја комбинирате. Тука ќе ви помогне тимот на Tasty со ова забавно видео со кое ќе научите како најдобро да ја зготвите рибата: