Луѓето никогаш нема да ти ја простат радоста

Луѓето никогаш нема да ти ја простат радоста!
Тој твој начин со насмевка да чекориш низ животот, тоа што и во грдото наоѓаш нешто убаво, тоа што со малку можеш да направиш многу повеќе отколку тие со многу. Тоа што не обрнуваш внимание на зависта, тоа што своето време го трошиш сосема поинаку од нив и тоа што си среќен со тоа време, што и во овој изопачен свет, сепак знаеш со свои раце и глава да заработиш за живот, тоа што не молиш никого и не се поклонуваш пред никого.
Тоа што сакаш.
Тоа што ти подметнуваат нога, па и покрај тоа стигнуваш на целта, а после тоа ти не се трудиш да им поставиш сопка, тоа што не се грижиш, тоа што немаш време за нивните празни животи.
Тоа што сакаш, неизмерно сакаш.
Тоа што се занимаваш со работи со кои тие никогаш не би се занимавале, па стигнуваш на целта на која тие би сакале да стигнат, но не знаат како. Тоа што на потежок начин стигна до сѐ што имаш денес, па токму затоа и се чувствуваш благословено, па го сакаш тој твој пат и себеси и луѓето околу тебе и животот...
Луѓето никогаш нема да ти го простат тоа.

  • Н.Ш