Радувајте се додека во вас сè уште има радост

Пред многу години, кога мојата мудра баба уште беше со нас, со нас сподели една голема работа. Јас и мајка ми пред Велигден закачувавме нови завеси, кои во тоа време беа многу модерни: со асиметрични набори, шарени... Никако не успевавме да ги закачиме и постојано ни паѓаа на глава А ние се нервиравме, се каравме, се смеевме и повторно се фрлавме на работа.

Баба ми ни кажа: 

„До скоро би скокала од среќа ако добиев такви завеси, а сега немам ни трошка желба за тоа... Ме напуштаат желбите, девојки мои... Сите. И кон работите и кон луѓето.

Правете сè што можете, додека имате желба за тоа. Трошете пари и на глупости. Затоа што глупостите носат радост. Радувајте се додека во вас сè уште има радост. Сакајте додека сакате. Ќе дојде време кога нема да ја сакате ни туѓата топлина и ништо повеќе нема да посакувате.

Веројатно природата намерно ни го прави тоа, за помирно да си отидеме, не врзувајќи се ни за работи, ни за луѓе. Еве и јас сум подготвена да си одам... А кога би можела да се вратам во вашите години, би живеела ден за ден и би се радувала на секоја желба.“

Баба одамна ја нема. А јас живеам баш така: Живеам во сегашниот момент и ѝ се радувам на секоја желба...