Љубовта е нешто што го правиш, а не нешто што го чувствуваш!

Љубовта е држење за раце и силни прегратки. Љубовта е расправање за глупости, кажување работи кои не ги мислите, а потоа да се извинувате. Љубовта е лежење под небо и гледање во ѕвездите, откако сте испиле две-три пива повеќе.

Љубовта е кажување „Те сакам“ за прв пат, додека зборовите едноставно излегуваат против ваша волја.

Љубовта е учењето на уметноста на вистинско слушање и избегнување на искушението само да го чекате вашиот ред за да зборите. Љубовта е да направите простор за луѓето да бидат најдобра верзија од себеси. Љубовта е да им го оставите последното парче пица и последното парче торта.

Љубовта е стуткани и прегрнати да спиете заедно и покрај тоа што ви е ужасно жешко. Љубовта се состои од прекрасни прошетки, но и на нервозно шетање низ ходниците додека на другиот му е потребен доктор.

Љубовта значи да кажете 100 пати „здраво“ и 1000 пати „збогум“. Со љубовта учите за самоконтрола и самопочит. Љубовта значи да ги преминувате сопствените граници на најдобриот можен начин без да ги напуштите вредностите кои ве прават она што сте.

Љубовта значи секогаш да имате план, но да не живеет е според очекувања. Љубовта е отворање на срцето и допуштање некој да влезе внатре и да му верувате дека ќе биде добар гостин.

Љубовта никогаш не е само именка и само чувства. Таа секогаш се движи, менува, обликува. Таа е слика со направени милион потези со четката. Вистинската љубов има исто толку многу акција како во филм со суперхерои.

Токму поради тоа вреди да се истрпат сите болки пред да се најде сродната душа.

Кога љубовта е глагол којшто го живеете, таа станува стил на живот.