Љубов која ни смртта не може да ја прекине...

Некои љубови едноставно траат до крајот на животот, а Кларенс Пурвис (93) не може да прекине да мисли на својата сопруга дури и 4 години по нејзината смрт.

Неговата љубов е толку силна што ни нејзината смрт не може да ја помести. Кларенс и Керолин обожавале да ручаат во ресторанот „Смит“ во Рајдсвил, а тој сѐ уште оди во тој ресторан. Но, тој секогаш со себе носи фотографија од својата жена и ја става рамката со фотографијата на масата на која јаде.

Кларенс со солзи во очите ја раскажува својата приказна: „Никој никогаш не се сакал толку колку што се сакавме мојата жена и јас. Јас го сакав она што таа го сакаше, а и таа го сакаше она што го сакав јас.“ Колку му недостига кажува фактот дека четири пати дневно го посетува нејзиното вечно почивалиште. Во нивната дневна соба и ден денес свети омилената ламба на Керолин. Светлото не е изгаснато уште откога таа отишла во болница, 5 месеци пред нејзината смрт.

Кларенс вели: „Многу ја сакам и многу ми недостига.“

Нивната љубовна приказна почнала во 1948 година, кога тие биле тинејџери. Во текот на нивниот брак имале и три деца, кои подоцна ги израдувале со шест внуци и двајца правнуци. Тие дури и заеднички воделе бизнис: имале мал сервис за автомобили.

Кларенс додава: „Заедно ручавме, се враќавме дома, гледавме телевизија, одевме на спиење, се сакавме. Што повеќе би му било потребно на еден човек? Имавме сѐ што сакавме.“

Кога ќе се појави во ресторанот со фотографијата на Керолин, останатите гости го гледаат малку чудно. Џојс Џејмс, сопственичката на ресторанот, го запрашала својот сопруг дали и тој би правел така кога таа би починала.

Џојс вели: „Мојот сопруг ми рече: „Не верувам драга. Те сакам, но мислам дека тоа би било малку претерано“.“

Кларенс не обрнува внимание на овие коментари, напротив, тој и натаму секој ден ја носи фотографијата на Керолин. Неговата љубов никогаш нема да умре.