Лидл ги отвора вратите за македонски работници

Германскиот трговски синџир „Лидл“ планира да инвестира на неколку локации во Скопје, а веќе ќе се бараат и работници од земјава. 

Како што објави порталот „Вработување“ на Регионалниот саем за вработување, кој годинава ќе се одржи од 24 до 31 октомври, учество ќе земе и реномираниотевропски синџир за малопродажба на храна „Лидл“, кој ќе ги отвори своите врати за кандидатите од Македонија. 

Лидл е најголемиот европски синџир за малопродажба на храна и е дел од групата SCHWARZ чие седиште е во Некарсулм, Германија.
Нивната успешна приказна започнува во 1973 година кога се отворила првата продавница во градот Лудвигсхафен под името Lidl & Schwarz KG. Оваа продавница, со само неколку вработени и 500 производи, станува основа на идната стратегија и проширување.
Лидл е семеен бизнис заснован на едноставна филозофија: Клиентите заслужуваат најквалитетни производи по цени што секој може да си ги дозволи.

Повеќе од четириесет години, уникатниот пристап на Лидл ги менува и подобрува заедниците низ 32 земји, каде што Лидл порасна и работи со околу 11.550 продавници и вработува повеќе од 341.000 луѓе.