Со 75 потписи од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, „Вреди“ и ЗНАМ, Африм Гаши е предложен за претседател на Собранието

Со потписи од 75 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата „Вреди“ и движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Африм Гаши, претседателот на Алтернатива, е предложен за претседател на Собранието.

Пратениците од „Европски фронт“ ја напуштија салата каде што се одржуваше конститутивната седница на новиот собраниски состав.Претходно, беше избран составот на Комисијата за прашања за именувањата и изборите.

Собранието денеска, со 101 глас „за“ од 117 присутни, го усвои извештајот на Верификационата комисија и ги верифицира мандатите на 118 пратеници.

Со ова, мандатот на старите пратеници заврши. На новите пратеници кои имаат други функции, тие функции исто така им престануваат. Вкупно шест пратеници ќе ја прекинат својата функција во Владата, која сега ќе извршува само технички задачи до изборот на новата влада.