Лидл објави оглас за прием на работници во Македонија

Германскиот ланец маркети „Лидл“ објави оглас за вработување во Македонија, за неколку работни позиции. 

Лидл објави оглас за регионален менаџер за продажба, виш регрутер, административен асистент и многу други работни места.

Компанијата објави и фотографии од канцелариите на седиштето во Скопје. 

Од компанијата ги охрабруваат сите кои сакаат да работат кај нив да аплицираат и да станат дел од Лидл семејството.