Силјановска Давкова: На венецот во Рим сакав да пишува „РС Македонија“, но немаше место

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова објасни зошто на чествувањето во Ватикан на венецот што беше положен не беше напишано името на државата.

„Знаете дека тие ленти не се многу големи, разговаравме во кабинетот, имавме и разни мислења меѓу себе, на пример, јас имав мислење дека може ‘РС Македонија’ бидејќи немаше простор. Но, некако на крајот рековме дека можеби бидејќи јас сум на чело на делегацијата, државна, црковна, ова да биде некое решение. Знам дека може да има забелешки, ги разбирам многу од нив, многу се логични. Македонија ја претставувавме таму. Но, веројатно во време кога, по мојот говор, по моето избегнување на говорницата на официјалното име на државата, по определувањето за Македонија, врз основа на правото на самоопределување или слободата на изразување на мислата, се одлучивмне на ова решение. Не мислам дека тоа е не знам каков проблем, ниту негирање на Македонија ниту негирање на државата. Се знаеше која е делегацијата, кои сме ние. Нам ни се чинеше дека тоа е најдобро во тој момент“, одговори Силјановска-Давкова на новинарското прашање.