Лидл веќе го гради дистрибутивниот центар во еден град близу Скопје

„Нема доволно конкуренција на пазарот, затоа работиме секојдневно и веќе беше објавено неколку пати дека влегува голем конкурент на пазарот, а тоа е Лидл. Тоа различно ќе го постави пазарното однесување на сите чинители во земјава“ рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека Лидл веќе го гради дистрибутивниот центар во Куманово, откако беа надминати сите административни чекори.

„Тоа што се боревме е во нивниот ланец да се најдат домашни производи. Фокусот ќе биде на домашни производи кои ќе се продаваат не само во Македонија, туку и во околината каде што тие имаат свои маркети“ рече Битиќи.