Летен десерт: Пудинг од кокос со јагоди

Во текот на топлите денови сите сакаме лесни овошни десерти со освежителен вкус. 

Еден одличен пример за тоа е пудингот од кокос, кој се приготвува многу лесно. 

Потребни ви се:

200 гр крем-сирење или маскарпоне
Три големи лажици кокосово млеко
Три лажици кокос
Рендана кора од пола лимон
Две лажици мед
Јагоди за декорација

Подготовка: 

Јагодите темелно измијте ги. Изрендајте кора од половина лимон. Со сокот од лимонот  и со медот прелијте ги јагодите и оставете ги да отстојат додека ја подготвувате другата смеса. 

Крем-сирењето измешајте го со кокосовото млеко и со кокосот, па додадете ја кората од лимон. Распоредете во десертни чинии. Врз секоја ставете од смесата од јагоди. Оставете ги во фрижидер за убаво да се изладат. Можете да ставите и листови нане, за уште посвеж вкус.