„Лајка“ со повик за волонтери кои ќе ги разубават живеалиштата на животните

Од Јавното претпријатие за заштита и благосостојба на животните „Лајка“ објавија повик за волонтери под мотото „Помогнете ни да го разубавиме светот на кучињата, да ја обоиме Лајка!“. 

- Доколку сте љубители на кучиња и сакате да сте општествено одговорни и хумани придружете ни се во рамките на проектот „Унапредување на благосостојбата на животните преку волонтерство" под покровителство на Амбасадата на САД во Скопје и дадете го својот удел во разубавувањето на ЈП Лајка заедно со нашите добро познати уметници Драш и Мачка! Бараме волонтери кои ќе ни помогнат да ги обоиме боксовите на кучињата, оградите, да ги уредиме зелените површини и да се подружиме со кучињата, се вели во нивниот повик и додаваат: 

- Ние ќе ги обезбедиме сите потребни материјали, вклучувајќи боја, четки и останата опрема. Не е потребно никакво претходно искуство - дојдете во облека која нема да ви пречи да ја обоите и донесете го вашиот ентузијазам и подготвеност да направите разлика!

Настанот е закажан за 15. јуни, од 10:00 до 14:00 часот.