Козметички трикови кои ќе ви заштедат пари

Доколку сѐ уште не сте ги отфрлиле козметичките производи полни со хемија и разни вештачки додатоци, вистинско време е да го отфрлите тоа. Тие се многу скапи, а на долг рок воопшто не и прават добро на вашата кожа и коса. Нивна соодветна и подобра замена се природните третмани.

Освен тоа што ќе заштедите пари, на кожата ќе и подарите убав и здрав изглед.

Третман за лице со цимет

Едноставно измешајте 2 лажички мед со 1 лажичка цимет и 1 лажичка мускатно оревче. Нанесете ја смесата на лицето. Природните антибактериски својства ќе ги исчистат вашите пори и ќе ја омекнат кожата.

Кокосово масло како избелувач на забите

Звучи необично, но сѐ што ви е потребно е 1 лажичка кокосово масло. Секое утро земајте по 1 лажичка и мачкајте ги забите околу 10-15 минути. Ова ќе ви помогне да ја исчистите устата, да ги избелите забите и да го освежите здивот.

Чај од камилица за купка

За да ја смирите кожата со купка која опушта, се што ви е потребно се 2 кесички чак од камилица или 2 шолји чај од камилица во вашата купка.

Зелен чај како тоник

Природните тоници се одлични за лицето, а еден од најдобрите е зелениот чај. Тој е одличен за чистење на кожата, но секако треба да го користите студен.

Овес против егземи

За смирување на кожата, измелете 1 шолја овес во блендер, додека не добиете фина пудра. Ставете ја во тегла и ставете по 2 големи лажици во купката, кога вашата кожа е воспалена. Таа е одлична и за осип од пелените кај децата.

Пилинг за тело со морска сол

Наместо да давате пари за пилинг за тело, можете истиот да го направите дома со мешавина од маслиново масло и морска сол. Добра комбинација е и кафениот шеќер со мед и цимет, или пак кафето со цимет и кокосово масло. Барем еднаш неделно користете пилинг за да ги отстраните мртвите клетки на вашата кожа.