Ковачевски и Столтенберг, домаќини на неформалниот состанок на лидери на НАТО сојузници од регионот

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска ќе бидат домаќини на неформален состанок на лидери на НАТО сојузници од регионот, што се одржува во хотел „Хилтон“ во Скопје.

Пред почетоток на состанокот, премиерот Ковачевски и Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, ќе имаат заедничка изјава за медиумите.

Изјави, пред почетоток на состанокот ќе имаат и Еди Рама, претседател на Владата на Република Албанија, Зоран Миловановиќ, претседател на Хрватска, како и Милојко Спајиќ, претседател на Владата на Црна Гора.