Ќе се зголемува воениот буџет на Македонија, до 2025 планирано е да изнесува 2,15% од БДП

Воениот буџет на Македонија ќе се зголемува. Ова го најави шефот на дипломатијата Бујар Османи. Се очекува тој да порасне на 2,15 отсто од БДП до 2025-та година за да може да се учестува во распоредувањето на товарот на Алијансата. Како земја која е четврта по донации за Украина по глава на жител, ќе учествуваме и во поголемата финансиска помош, изјави Османи.

„Украина е само дел од рускиот империјалистички план којшто им се заканува и на Молдавија, Грузија и на Западниот Балкан. Затоа е потребно синхронизирана акција помеѓу НАТО и ЕУ со акцент на потребата за забрзана европска и евроатлантска интеграција, за да се зачува нашата колективна безбедност“, рече шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи.

Сојузниците со партнерите од ЕУ и пацифичките држави ќе се справуваат со закани со тероризам и кибер-напади. На 75-годишнината од Алијансата на самитот во Вашингтон ќе бидат поканети и партнерите коишто, исто така, ќе донираат финансиска помош за Украина.