Кој ќе биде новиот директор на Царинска управа?

Бобан Николовски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово најверојатно ќе биде нов директор на Царинската управа.

Бобан Николовски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово најверојатно ќе биде нов директор на Царинската управа.

Тој доаѓа на местото на досегашниот директор Стефан Богоев, кој со Царина управуваше повеќе од една година.

Николовски пред две години е избран за претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово. Тој на последните парламентарни избори беше избран и за пратеник во Собранието со мандат од 2024-2028 година.

Досега се сменети неколку директори на скопските клиники, а во текот на наредната недела се очекува повеќето институции да добијат нови директори.