Кои мажи се најпривлечни за жените?

Во машко-женските односи постои стереотипното мислење дека жените повеќе ги сакаат лошите момци и паѓаат на дрскиот пристап. Ако се суди според едно истражување спроведено во Германија и двете страни имале погрешен став. Не се работи дали сте лоши или добри, туку колку сте нарциси.

Истражувањето покажа дека нарцисоидните мажи со нереално позитивно мислење за себеси се попривлечни за жените во споредба со останатите. Во истражувањето се мерел степенот на нарцисоидност кај мажи на просечна возраст од 25 години.

Од мажите било побарано да се обидат да добијат број од непознати жени (23 во просек), а најдобро од нив минале оние кај кои нарцисоидноста била најизразена. Истражувањето покажа дека нарцисоидните мажи се далеку пошармантни во директниот пристап, но не се добри за долги врски.