Кога се смееме, поинаку гледаме на животот и луѓето околу нас

Нашата насмевка не само што нѐ прави поубави, туку и влијае на тоа како гледаме на светот околу нас.

Едно ново истражување спроведено од страна на универзитетот во Лондон истакнува дека нашата насмевка влијае на тоа како ги перцепираме емоциите на другите луѓе. Според нив, додека се смееме,  на нашиот мозок дури и најнеутралниот изглед на нечие лице му изгледа како да добиваме повратна насмевка од таа страна.

Според ова истражување, нашето смеење придонесува на различен начин да ги забележуваме емоциите на другите луѓе. Во ова истражување биле вклучени 25 испитаници кои гледале фотографии на лица кои или се смееле или имале неутрален израз на лицето.

Ова е дополнување на едно истражување спроведено во 2000 година во Германија, во кое кога на учесниците им било кажано да се намуртат, тие познатите ѕвезди ги рангирале како помалку познати одошто се. Идејата позади ова истражување била дека муртењето прави да правиме помал напор за работите околу нас.

Разгледувани заедно, овие истражувања покажуваат спирален ефект на нашите емоции. Замислете дека нерасположени одите на некоја забава. Во тој случај, ќе мислите дека сите луѓе се негативно расположени и незаинтересирани за дружење. Од друга страна, насмевката и позитивниот пристап можат да помогнат работите да ги гледате низ позитивни „леќи“.