Човекот по насмевката се познава

За насмевка, пред сѐ, потребна е искреност, а зарем има искреност кај луѓето?

За насмевка е потребна незлобност, а луѓето најчесто пакосно се смејат.

Искрената и незлобна насмевка значи веселба, а зарем кај луѓето во денешно време има веселост и знаат да бидат весели?

Веселоста на човекот е неговата највидлива црта, црта која највеќе го оддава.

Потребно е долго време за да спознаете нечиј карактер, но штом човем барем еднаш сосема искрено се насмее, тој ќе ви го покаже целиот негов карактер, како на дланка.

Само возвишен и среќен човек може да биде весел и да ги „зарази“ другите, т.е да биде неодоливо и добродушно весел.

Не зборувам за неговиот умствен развиток, туку за карактерот, за целиот човек.

Ако добро се смее, знајте дека е добар човек.

Јас добро знам дека насмевката е најсигурната проба на душата.

Погледнете го детето: единствено децата знаат да се смејат до совршенство и поради тоа луѓето сакаат да бидат околу нив.“

Фјодор Достоевски