Кога две личности ќе стапат во брак, често се случува мајките да се мешаат во нивниот однос.
Photo by Nienke Burgers on Unsplash
Но, неодамна наидовме на интересна честитка од една мајка до нејзиниот син. Нејзината посвета крие убав совет.
Неодамна, додека сурфав на Интернет, наидов на една многу слатка картичка од една мајка.
Таа вели:
Му го честитам роденденот на мојот син. Мама те сака најмногу. Како никој никогаш. Тука ќе бидам секогаш за тебе, секогаш кога ќе ти бидам потребна. Ти не мораш да ме сакаш назад, не ми ни должиш ништо. Само оние кои се плашат од осаменост ги учат своите деца дека нешто должат. Сине, живеј го животот! Мајка ќе биде среќна ако ми се јавуваш еднаш неделно или доаѓаш да ме посетиш кога можеш.
Тогаш ќе бидам најсреќната мајка на светот.
Не заборавај дека главната жена во вашиот живот е твојата сопруга. Можеби не ми се допаѓа тоа секогаш, но не дозволувај тоа да те обесхрабри. Биди среќен. Верувам во тебе и сигурна сум дека ти го имаш направено најдобриот избор.
Биди тука за таа жена секогаш. Биди мудар.
Дај и комплименти, дај и ја љубовта која ја заслужува. Таа ќе ти врати двојно со љубов, почит и грижа. Никогаш не го заборавај нејзиниот роденден, вашата годишнина. Купи и цвеќе и покажи и дека ти значи.
Сакај ја со целото свое срце, бидејќи таа е твој личен избор. Не им се жали на другите за неа. Директно зборувај ако имаш проблеми или дилеми. Биди трпелив.